top of page

Анксиозност кај младите - како да се препознае и помогне?

Анксиозноста стана еден од водечките предизвици на менталното здравје кај младите. Бројот на млади што се соочуваат со некој вид на анксиозно растројство е во пораст. Анксиозноста може да се манифестира како постојана и прекумерна грижа за различни прашања, или пак како ненадејни, интензивни епизоди

Регистрацијата е затворена! Одете на (www.tiny.cc/mitova) и ќе ве побараме за следен настан.
LADC
Анксиозност кај младите - како да се препознае и помогне?
Анксиозност кај младите - како да се препознае и помогне?

Време и локација

10 апр. 2023 г., во 18:00 – 19:30

ЛинкАкрос Центар за Развој, Ул, Хелсинки 47, Скопје 1000, Македонија

За настанот

Влез слободен / Регистрација задолжителна

Бројот на млади што се соочуваат со некој вид на анксиозно растројство е во пораст. Анксиозноста може да се манифестира како постојана и прекумерна грижа за различни прашања, или пак како ненадејни, интензивни епизоди на страв. 

Анксиозноста може да биде придружена и со физички симптоми како што се: забрзано чукање на срцето, потење, мускулна напнатост и грчеви, болки во стомакот, главоболки, болки во екстремитетите и грбот, замор и слично. 

Анксиозноста стана еден од водечките предизвици на менталното здравје кај младите. За жал, младите не ја добиваат потребната поддршка. Клучните фигури во животот на еден млад човек - родители, членови на семејството, наставници, старатели - честопати можат да забележат кога нешто не е во ред, но можеби не знаат како најдобро да помогнат.

ЛинкАкрос Центар за Развој продолжува со серија предавања за родители. Насловот на серијалот е „Менталното здравје кај младите како предизвик на родителството во дигиталното општество“. 

Темата на второто предавање во серијалот носи наслов: „Анксиозност кај младите – Како да се препознае и помогне“. Предавањето ќе се одржи на 10 април 2023 година со почеток во 18:00 часот. 

Предавачот на серијалот е д-р Васка Митова, специјалист психијатар.

Кој може да го посети ова предавање? Секој родител на дете од 10 до 18 години кој сака да научи како може да биде активен учесник во очувување и подобрување на менталното здравје на своето дете.

Придобивки од предавањето:

• Причини – за анксиозност

• Препознавање – на знаците на анксиозност

• Правци – за интервенција

• Превенција – рана детекција

Сподели го настанот

bottom of page