Бесплатна обука за дигитален маркетинг во туризам
Поседувањето на маркетинг вештини и познавањето на потрошувачките навики се важен предуслов за бизнис успех во денешниот свет. Ова подеднакво важи и за компаниите и за поединците кои работат во сферата на земјоделието, без разлика дали вашата компанија е фокусирана B2B, B2C или двете.


Време и локација
09 мар. 2021 г., во 13:00 – 15:00
Zoom - онлајн
За настанот
Линкот од Zoom ќе ви биде испратен преку имејл порака, откако ќе се регистрирате. Регистрацијата и учеството е целосно бесплатно.
УСАИД во соработка со ЛинкАкрос како дел од проектот GrowBiz, ви нудат бесплатна работилница за дигитален маркетинг на 09.03.2021 (вторник), од 13:00 до 15:00, оваа обука, исто така е поддржана од Национална Асоцијација за дојдовен туризам во Македонија. Ќе имате можност да се запознаете со:
- Улогата на маркетингот и на дигиталниот маркетинг во туризмот
- Што треба да знаете и кои ресурси да ги планирате
- Како да се направи вистинскиот маркетинг микс за вашите потреби (B2B и B2C)
- Примери од туристичката индустрија
- Прашања и одговори
Обуката освен теоретско знаење, ќе Ви понуди и можност да се приклучите во проектот GrowBiz, како и можност за комуникација со предавачите по завршување на обуката.
Предавачи на обуката ќе бидат Верица Јорданова, искусен комуниколог со над 20 години работно искуство и сопственик на порталот Иновативност, заедно со Блета Бегу, бизнис и маркетинг консултант со богато искуство.
Оваа обука е дел од програмата GrowBiz која има за цел да им помогне на бизнисите во нашата земја а посебно на индустриите туризам, земјоделство, текстил и преработки од дрво.
Доколку сакате да дознаете повеќе проверете на www.growbiz.mk.