Депресија кај младите - како да се препознае и помогне?
Рекорден број на млади луѓе е под стрес. Истражувањата покажуваат дека дури 42% од средношколците во САД пријавуваат постојани чувства на тага и безнадежност.


Време и локација
29 мар., во 18:00 – 19:30
ЛинкАкрос Центар за Развој, Ул, Хелсинки 47, Скопје 1000, Македонија
За настанот
Влез слободен
Рекорден број на млади луѓе е под стрес. Истражувањата покажуваат дека дури 42% од средношколците во САД пријавуваат постојани чувства на тага и безнадежност.
Академскиот притисок, социјалните медиуми, bullying, сиромаштијата, недостигот на професионална поддршка за ментално здравје - сите овие се придонесувачи за појава на епидемија на лошо ментално здравје кај млади луѓе.
За жал, младите не ја добиваат потребната поддршка. Клучните фигури во животот на еден млад човек - родители, членови на семејството, наставници, старатели - честопати можат да забележат кога тинејџерот го мачи нешто, но можеби не знае како најдобро да помогне.
ЛинкАкрос Центар за Развој започнува со серија предавања за родители. Насловот на серијалот е „Менталното здравје кај младите како предизвик на родителството во дигиталното општество“. На 29 март 2023 година, ќе се одржи првото предавање со наслов: „Депресија кај млади - Како да се препознае и помогне.“
Предавачот на серијалот ќе биде д-р Васка Митова, психијатар.
Кој може да го посети ова предавање? Секој родител на дете од 10 до 18 години кој сака да научи како може да биде активен учесник во очувување и подобрување на менталното здравје на своето дете.
Придобивки од предавањето:
• Причини – за депресија
• Препознавање – на знаците на депресија
• Правци – за интервенција
• Превенција – рана детекција (50% од проблемите со менталното здравје се манифестираат пред детето да наполни 14 години)