Педијатриска Прва Помош
Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош. Што ќе направите? Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.


Време и локација
03 дек. 2022 г., во 10:00 – 14:00
Skopje, Ul, Хелсинки 47, Скопје 1000, Република Македонија
За настанот
Секое лице кое ќе се најде на местото на несреќата, доколку има знаења и вештини може да пружи прва помош.
Зошто е важно укажување на прва помош?
- Намалува смртност
- Намалува инвалидитет
- Намалува компликации од повредите
Несреќи се случуваат насекаде околу нас. Тие најчесто не можат да се спречат. Најголем број на смртни случаи се случуваат во првите секунди и минути по сообраќајна несреќа или повреда – според статистичките податоци, дури 45%.
Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош.
Што ќе направите?
Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.
Не ти треба волшебно стапче или супермоќ за да станеш детски херој. Потребно е само знаење.
Научи прва помош, спаси живот и стани херој
Обуката ќе ги опфаќа следниве теми:
- Реанимација и згрижување при задушување
- Нереактибилност, колапс и повреди на глава
- Грчеви
- Алергиски реакции/Каснатини и убоди
- Труења и ингестии
- Контрола на локални инфекции, крварење и отоци
- Повреди поврзани co топлина и студ
- Разно – астма, диабет, покачена температура
Цената на четиричасовната обука изнесува 1200 денари.
Обуката ќе ја води искусниот педијатар д-р Милена Спиркоска.