Педијатриска Прва Помош со д-р Ѓорѓи Паскалов
Почнавте со припреми за летен одмор? Знаете ли дека летните месеци се нарекуваат и „сезона на трауми“? Причната за ова е зголемен број на повреди предизвикани од паѓање. Тие се скоро удвостручени во лето. Изгореници, потрес на мозок, скршеници, давење се само некои од најчестите повреди во лето.


Време и локација
14 јун. 2022 г., во 18:00 – 15 јун. 2022 г., во 21:00
Skopje, Ul, Хелсинки 47, Скопје 1000, Република Македонија
За настанот
Иако летниот одмор претставува релаксација и забава за целото семејство, во летните месеци се случуваат најголем број повреди предизвикани од топлина и вода.
Колку и да се трудиме да бидеме внимателни, несреќи се случуваат. Невозможно е децата да ги имаме пред очи секоја секунда од денот. И ниедна средина никогаш не може да биде 100% безбедна.
Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош.
Што ќе направите?
Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.
Спремете се ова лето и за непредвидени настани преку учество во обука за педијатриска прва помош во ЛинкАкрос Центарот за Развој во Скопје. Обуката ќе ви даде основно знаење и самодоверба да дејствувате брзо и ефикасно во ситуација на ургентна состојба.
Обуката ќе се одржи на 15 јуни (среда), од 18 до 21 часот.
Ако сте родител или работите со група деца, оваа обука е токму за вас.
- Обуката ќе ги опфаќа следниве теми:
- Реанимација и згрижување при задушување
- Нереактибилност, колапс и повреди на глава
- Грчеви
- Алергиски реакции/Каснатини и убоди
- Труења и ингестии
- Контрола на локални инфекции, крварење и отоци
- Повреди поврзани co топлина и студ
- Разно – астма, диабет, покачена температура
Цената на тричасовната обука изнесува 990 денари.
Обуката ќе ја води искусниот педијатар д-р Ѓорѓи Паскалов