top of page

Самомотивација - клучната вештина за секој успех | Д-р Митов

Moже ли човек да се промени? Дали промената може да биде свесна, планирана и со јасна цел, за да може да се нарече - преобразба? Дали е можно старите непродуктивни навики да бидат заменети со нови, корисни навики?

Registration is Closed
See other events
Самомотивација - клучната вештина за секој успех | Д-р Митов
Самомотивација - клучната вештина за секој успех | Д-р Митов

Време и локација

18 ное. 2021 г., во 18:00 – 20:00

Skopje, Helsinki 47, Skopje 1000, North Macedonia

За настанот

Настанот е со физичко присуство или онлајн, по избор на учесникот.

Moже ли човек да се промени? Дали промената може да биде свесна, планирана и со јасна цел, за да може да се нарече – преобразба? Дали е можно старите непродуктивни навики да бидат заменети со нови, корисни навики? Кој е првиот чекор кон промената? Дали сме решиле да слабееме, да ја интензивираме физичката активност, да ги подобриме професионалните навики или да тргнеме на патот на личен развој, првиот чекор секогаш е овој: да ја развиеме вештината на самомотивацијата

Првата работилница во серијалот со д-р Митов, „Самомотивација – клучната вештина за секој успех,“ е наменета за секој кој сакада почне некој значителен процес на промена, без оглед дали се работи за промените на лично или семејно ниво, или за промените што ќе ви помогнат во вашата кариера.

Како микронавики што може постепено да ги воведеме во својот живот можат да ја зголемат самомотивацијата? Пред да се нафатиме на било која напорна и долгорочна активност, паметно е да инвестираме токму во оваа вештина и да си ги зголемиме шансите за успех.

Работилницата ќе се одржи на 18 ноемри (четврток) со почеток од 18:00 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе) Google Maps Link. Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 690,00 денари. 

Регистрирајте се веднаш

Местата се ограничени.

*Настанот се организира согласно препораките и мерките на Владата со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.  За сите учесници со физичко присуство задолжително е носење на заштитна маска на лицето и поседување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2.  Максимален број на учесници на настанот е 16 (ковид капацитет).

Сподели го настанот

bottom of page