сре., 26 апр.
|ЛинкАкрос Центар за Развој
Зависности кај младите - како да се препознае и помогне?
Зависностите кај младите се комплексна појава која може да има сериозни последици за личноста, семејството и заедница. Зависноста се однесува на компулсивен и штетен модел на употреба на супстанции или однесување што продолжува и покрај негативните последици.

Време и локација
26 апр., во 18:00 – 19:30
ЛинкАкрос Центар за Развој, Ул, Хелсинки 47, Скопје 1000, Македонија
За настанот
Влез слободен / Регистрација задолжителна
Зависностите кај младите се комплексна појава која може да има сериозни последици за личноста, семејството и заедница.
Зависноста се однесува на компулсивен и штетен модел на употреба на супстанции или однесување што продолжува и покрај негативните последици. Младите се пофрагилни кон појава на зависничко однесување поради фактори како што се развојна незрелост, притисок од врсниците и недостаток на пристап до здрави стратегии за справување.
Важно е родителите, воспитувачите и здравствените работници да бидат свесни за предупредувачките знаци на зависност кај младите и да пружат рана интервенција и поддршка.
ЛинкАкрос Центар за Развој продолжува со серија предавања за родители. Насловот на серијалот е „Менталното здравје кај младите како предизвик на родителството во дигиталното општество“.
Темата на третото предавање во серијалот носи наслов: „Зависност кај младите – Како да се препознае и помогне“. Предавањето ќе се одржи на 26 април 2023 година со почеток во 18:00 часот.
Предавачот на серијалот е д-р Васка Митова, психијатар.
Кој може да го посети ова предавање? Секој родител на дете од 10 до 18 години кој сака да научи како може да биде активен учесник во очувување и подобрување на менталното здравје на своето дете.
Придобивки од предавањето:
• Причини – за зависности
• Препознавање – на знаците на зависност
• Правци – за интервенција
• Превенција – рана детекција