top of page

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница www.centarzarazvoj.mk  и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. ЛинкАкрос (во натамошниот текст: ЛА) ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари законските задачи и овластувања.

                                                           

ЛА за заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чува/обработува податоци, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно: законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на ЛА, Политиката за безбедност на информации во ЛА и други релевантни акти.

 

Информации поврзани со обработката на личните податоци                                                                                                                                                
Контролор на личните податоци е ЛА, со седиште во Скопје на ул. Хелсинки 47А 1/5                                                                     
Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42 од 16.2.2020 година).
          

                                                           
ЛА применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци со што се обезбедува:                                                                                                                                                              
Доверливост - заштита на податоците од неовластено откривање и пристап;                                             
Интегритет – обезбедување на точност и вистинитост, односно дека податоците на било кој начин не се неовластено изменети;                                                                                                                
Расположливост – обезбедување пристап на овластените корисници и информациските системи до податоците кога е тоа потребно;                                     
Неотповикливост – обезбедување на докази кои не даваат можност за одрекување.                          
ЛА собира податоци од:
Корисници без и со кориснички профил на веб страницата на ЛА - www.centarzarazvoj.mk
ЛА автоматизирано собира податоци кои се користат за анализирање на посетите, односно користењето на нашата веб страница и нејзината информациска безбедност.                                              

Правни и физички лица во врска со поднесување на пријави за упис, промена и/или бришење и барања за податоци и информации од поодделните регистри кои ги води ЛА и други услуги од ЛА.

Овие пријави/барања содржат информации за подносителот на пријавата/барањето и лични податоци на други лица вклучени во пријавата/барањето кои се потребни за постапување согласно законските овластувања на ЛА.
 

Лица кои поставуваат прашања, бараат податоци и информации, имаат поплаки, пофалби или други барања поврзани со делокругот на работата на ЛА. Овие барања вообичаено содржат и лични податоци, кои имаат ограничен обем (на пример: име и презиме и контакт податоци), треба да се исклучиво поврзани со нивната потреба и сè на одговорност на лицето кое ги доставува барањата.

                                                           

Категории на податоци кои се обработуваат:

Податоци од посетите на веб страницата

При посетата на веб страницата на ЛА, за секој корисник (со или без кориснички профил) се креира лог записи со следни податоци:  ИП (IP) адреса;
Уредот од кој пристапува корисникот, вид и модел;
Оперативниот систем;
Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
Страните кои ги посетува на веб страницата на ЛА и времето на користење/минување на секоја страна;
URL на страната од која е префрлен на веб страницата на ЛА и во некои случаи, термините кои ги користел во обидот да ја најде страната на ЛА;
Јазикот на пребарувачот кој го користат;
Држава;
Податочни параметри на основа на кои е извршено пребарување на податоци;
Серверските логови се чуваат на начин уреден со интерна регулатива која е донесена согласно позитивните законски прописи. Корисникот, на негово барање, може да биде информиран за повеќе детали.
                                                                                  
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
                                                                                  
Корисниците кои пристапуваат на веб страницата на ЛА можат да се поделат на две категории. Корисници со и без кориснички профил.
За корисниците без кориснички профил се евидентира IP адресата од која тие пристапуваат и ги користат општите услуги кои ги нуди веб страницата на ЛА.
За корисниците со кориснички профил покрај IP адресата се евидентираат податоци кои се потребни за да се креира профилот бидејќи користат услуги кои ги нуди ЛА, за кои е потребна соодветна автентикација (потврдување на идентитетот на корисникот) и соодветна авторизација (утврдување на права - овластувања за користење).

Со доставувањето на Вешите лични податоци до Линкакрос, Вие потврдувате дека сте запознаени и информирани со начинот на обработка на личните податоци од оваа политика и давате изречна согласност на ЛА да ги користи согласно целите утврдени во оваа политика.

Податоците кои ЛА ги прибира од корисниците на веб страницата на ЛА, се оние кои тие доброволно ги доставувале за конкретни цели (пријави за упис во регистри или барања за информации од регистри), како би овозможиле на ЛА да ги оствари своите законски овластувања поврзани со услугите, за грижа на корисници, за поплаки, пофалби или консултација преку поставување на прашања и/или мислења за различни теми од областа на работењето на ЛА, за истрага, за обезбедување на повратни информации или барање на било која друга услуга од ЛА. Дел од податоците се користат за да им се пржат на корисниците бараните услуги (заради договор), а дел се користат врз основа на согласноста на корисниците и нивно доставување на податоци заради некоја од целите утврдени во оваа политика.

                                                           

Права на контролорот поврзани со дејствија на злоупотреба и незаконски дејствувања

                                                           

Доколку ЛА утврди дека корисникот го злоупотребил пристапот до веб страницата со цел незаконски да стекне пристап до информации и апликации или со цел да ја направи веб страната на ЛА недостапна за користење, во тој случај можно е да се искористат евидентираните податоци и да се достават до надлежните органи кои се одговорни за откривање и санкционирање на сторените злоупотреби поврзани со незаконско користење на веб страни и кибернетички криминал.                        

Како се собираат личните податоци                                            

Личните податоци се собираат преку различни канали, вклучувајќи:

Користење на веб страницата на ЛА, преку централизираниот систем за управување со кориснички профили и сите останати информатички системи кои се користат за уписи и дистрибуција на податоци и информации;
Е - mail контакт адреси на ЛА достапни на веб страницата и
Други форми за контакт кои се достапни на веб страницата.
                                                                                  
Активности на обработка на личните податоци:
                                                                                  
ЛА обработува лични податоци на со закон определени цели, заради извршување на својата дејност во согласност со одредбите со законот за заштита на личните податоци.

Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради извршување на бараните услуги, да ве информираме за следните активности, како и да охрабриме идни учесници преку споделување на вашите искуства.                                                                                                        

ЛА не споделува податоци за корисникот и/или за неговата посета на веб страницата на ЛА, со трети лица, освен во следните случаи:

 Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ЛА ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по регулативата на ЛА и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.

 По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
                                                                                  
Време на чување на собраните податоци
                                                                                  
Податоците кои ги собира ЛА се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ЛА.
                                                                      

Права во однос на обработката на лични податоци се:

                                                                                                                                                                                    
Да бидат информирани за обработката на личните податоци или право на информираност за обработката на личните податоци;
Право на пристап до личните податоци;
Право на исправка и бришење на личните податоци;
Право на ограничување на обработката на личните податоци;
Право на приговор;
Право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци;

 

За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци, секој посетител или корисник може да го контактираат офицерот за заштита на лични податоци на ЛА, чии контакт податоци се објавени на веб страницата.
                                                                            
Право на поднесување на поплаки до ЛА
                                                                                                                                        
Доколку се смета дека со начинот на кој ЛА ги обработува лични податоци, се повредуваат одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да се поднесе поплака до ЛА, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Поплаки може да се поднесат преку веб страницата на ЛА или на било кој начин преку контакт информациите објавени во делот за КОНТАКТ.

Доколку и покрај ова, сметате дека постојат неправилности во обработката на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци:

Агенција за заштита на личните податоци

бул.„Гоце Делчев“ бр. 18

1000, Скопје,

Република Северна Македонија

тел:++ 389 (2)3230 635

Е-маил: info@privacy.mk


                                                                                   
Промена на политиката за приватност
                                                                                  
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува и усогласува соодветно на настанатите промени и евентуално согласно законските измени

Cookie Policy of LinkAcross

bottom of page