top of page
Search

Во што е предноста од изнајмување на флексибилен канцелариски простор на еден ден?

Updated: Jun 20, 2023

Сакате да изнајмите флексибилен канцелариски простор на еден ден но не сте сигурни дали е тоа вистинскиот избор за Вас? Ајде да ги анализираме спецификите и да ја разрешиме дилемата.


Од 2014 година наваму, бизнисот со флексибилен канцелариски простор е во постојан пораст од околу 25% на годишно ниво. Овој сериозен тренд не е ограничен во само еден дел од светот туку е распространет низ сите светски меридијани. Тоа јасно го покажува и следниот график:

  1. График - приказ на износот на површината на новоотворените и сите флексибилни канцелариски простори, за период од 2010 година до денес, во Европа, САД и Азиско-Пацифичкиот регион посебно.

Скоро да нема разлика во кривата на порастот во Европа, САД и Азиско-Пацифичкиот регион.


Иако пандемиската криза накратко ги замрзна сите деловни канцелариски вложувања, по нејзиното завршување трендот продолжи со несмален интензитет.


Потенцијалните инвеститори, од една страна, се исправени пред предизвикот што побргу да инвестираат во флексибилен канцелариски простор. Но од друга страна, не се најсигурни кои се најсоодветните решенија за нивната компанија.


Пост-пандемискиот период донесе преиспитување на востановените начини на работа. Негов неразделен дел е истражувањето како треба да изгледа новата канцелариска рутина на компанијата. Притоа краткотрајното изнајмување на канцелариски простор нуди повеќекратно позитивно дејство:


● Нуди освежување на тимот во однос на секојдневната работна рутина;

● Овозможува да се експериментира со решенијата и концептите пред

трајно да се имплементираат во компанискиот простор;

● Помага непосредно да се почуствуваат разликите од различните

канцелариски концепти.



Имено, на пазарот постојат и нешто поинакви канцелариски концепти. Тие, иако не се дијаметрално спротивни од флексибилниот канцеларисрки простор, се суштински поинакви и во дадени ситуации, се негова сериозна алтернатива. Затоа и секој менаџер си ја поставува дилемата: Кој концепт е вистинскиот и најдобриот во дадениот момент за компанијата која ја раководи?


За да ја разрешиме дилемата најпрво ќе ги наведеме придобивките од изнајмувањето на флексибилен канцелариски простор на еден ден.


Кои се придобивките од изнајмување флексибилен канцелариски простор на еден ден?


Во суштина, флексибилниот канцелариски простор ги надминува традиционалните решенија преку обезбедување на иновативни и креативни начини за работа и достапност на најразлични технологии. Тука можеме да ги издвоиме:

● ткн. Hot Desks,

● приватен работен простор,

● простор за социјализација,

● простор за најразлична специјална намена (фитнес, читање и слично),

● можност за брзи транзиции и флексибилност на распоредот и

организацијата во самиот простор.

И сето тоа на едно место, во еден функционално интегриран простор. Притоа, примарно е дека работникот не е ограничен само на традиционалната канцеларија или работна маса. Ниту на истите лица и соработници во непосредното опкружување. А од аспект на технологија - на дофат му се сите иновации кои реално му се неопходни и со кои може да биде и поефикасен и попродуктивен.


Опцијата да можете на брз и едноставен начин да изнајмите ваков флексибилен канцелариски простор дури на само еден ден е атрактивна за секоја компанија. Долга е листата на потенцијални придобивки од изнајмувањето на флексибилен канцелариски простор на еден ден.

Хабл (HubbleHQ), еден од водечките оператори за изнајмување на флексибилен канцелариски простори ги издвојува следните придобивки како најзначајни:


Достапност - Можете да си ги дозволите и најекстремните варијанти

независно од големината, дизајнот, опременоста, технологиите што се

присутни, екстравагантноста… Кога изнајмувате на 1 ден можете да си ги

дозволите сите најразлични опции што сте чуле дека се присутни на

пазарот.

Флексибилност - Не сте обврзани со договор па слободни сте

наредниот пат да направите сосема поинаков избор. Изборот - кој

флексибилен канцелариски простор на еден ден ќе го изнајмите - го

правите водени исклучиво од сопствените потреби и желби.

Продуктивност - Во прав момент го избирате флексибилниот

канцелариски простор на еден ден кој идеално ви одговара за да ја

максимизирате продуктивноста на вработените. Токму она што е

изворедно тешко да се усклади - локацијата, дизајнот на просторот,

содржината на просторот, присутните технологии во него и ефектот на

освежување што го носи секоја добра промена - овде лесно и брзо може

да се спроведе.

Имате пристап насекаде - Не сте ограничени во поглед на локацијата.

Каде Ви треба, таму можете да го изнајмите флексибилниот

канцелариски простор на еден ден.

Пробај па инвестирај - Секое решение можете да го тестирате пред да

го имплементирате во сопствените канцеларии. Само така можете точно

да дознаете кои решенија се идеални за потребите на Вашата компанија.


Уште веднаш е очигледна комоцијата која ја имате во изборот. Во овој случај ја имате можноста да експериментирате и уште веднаш да го почуствувате позитивниот ефект врз работата и атмосферата на Вашиот тим. Придобивките се значајни и моментни.


Затоа е важно да се направи споредба во однос на другите блиски концепти како што се обичната сала за состаноци или било кој co-working простор. Притоа е круцијално да се разгледа дали разликите креираат уникатни придобивки за корисниците на флексибилниот канцелариски простор.


Кои се уникатни придобивки на флексибилниот канцелариски простор во однос на другите блиски концепти?


Флексибилниот канцелариски простор е иновативен концепт кој произлегува од директните потреби на самите вработени. Тој не е производ на моментна инспирација и дизајнерска умешност туку напротив, е резултат на сериозен научен пристап како да се унапреди работната околина за вработените во компанијата. Тој е создаден да влијае позитивно во двете насоки:

● да им угоди на самите вработени и да го подобри нивното чувство на

среќа при работењето

● да генерира раст на сите параметри што носат профит во компанијата -

продуктивноста, посветеноста, лојалноста, итн.


Како таков, флексибилен канцелариски простор им нуди на изнајмувачите на еден ден сет од уникатни придобивки во однос на стандардните решенија од типот на coworking простор или конференциските сали. Тие придобивки може да имаат пресудно значење во изборот: Кој простор да се изнајми во следната прилика?


Приватност - Можете да бидете сигурни дека важните информации

нема да стигнат до Вашите конкуренти;

Целосна контрола врз бучавата - Работната атмосфера не може да биде

нарушена со одвлекување на вниманието од околината;

Непосредност - Ќе уживате во попрoдуктивни разговори додека

непосредно ги унапредувате компаниските стратегии или ги

надминувате тековните предизвици;

Флексибиност - Слободно прилагодете го просторот спрема

специфичните потреби на Вашиот компаниски тим;

Здравствена безбедност - Намалената социјална интеракција со луѓе

надвор од Вашата компанија ги штити здравствено членовите на Вашиот

тим;

Тимско поврзување - Професионалниот амбиент и фокусираноста

овозможуваат многу поефикасно тимско поврзување отколку при

престојот во обични канцеларии, при Зум состаноци, обични

конференциски состаноци и слично.


Овој сет на уникатни придобивки не може да го пронајдете кај другите блиски концепти. Воопшто не е едноставно одеднаш да се влијае позитивно на различни категории како продуктивноста, задоволството во работата и здравствената безбедност. Затоа и не е случаен трендот на постојан пораст на побарувачката на флексибилниот канцелариски простор.


Иновациите се неопходни сега и тука


Ние сме навикнати дека во поглед на иновациите заостануваме зад светот.

Фразата „развиениот свет“ веќе со генерации е вкоренета во нашата свест. Затоа и во нашиот концепт за развој уште од стартот беше впишана потребата за презентација на сите развојни концепти кои се неопходни за забрзан економски развој.


Дизајнот и изведбата на смарт салата се извршени токму во таа насока. Наша цел како Линк Акрос Центар за Развој отсекогаш беше на македонските компании да им ја понудиме тука и сега - за да можат да ја искористат тука и сега во својата работа.


Таа е тука да послужи и како еднократно искуство, инспирација за идната реконструкција на компаниските канцеларии и како простор кој редовно ќе го посетуваат. Во секој случај, несомнено е нејзиното потенцијално позитивно влијание врз компаниското работење.


За сите подетални информации, слободнo контактирајте не.



тагови


1 view
bottom of page