top of page
Search

Трендови на канцелариски простор во 2023


Kога станува збор за работното опкружување, компаниите со право сакаат да дознаат што е тоа што им треба на нивните вработени. Метју Пруст (Mathieu Proust), генерален директор на WeWork за Обединето Кралство и Ирска, во еден од своите написи зборува за тоа кои трендови ќе ја одбележат 2023 година во однос на тоа како и каде ќе работиме. Дали враќањето назад во канцеларија значи враќање „на старо“? Кој работен модел ќе биде во фокусот на вниманието во 2023 година? Да погледнеме што вели Метју Пруст и какво искуство може да сподели како менаџер на еден најголемите провајдери на coworking простор.


Според Пруст, во последните две и пол години работнoто опкружување беше во постојанa трансформација, поради што организациите низ светот го напуштија традиционалниот „one size fits all“ пристап.


Многумина очекуваа дека во 2021 сѐ поголем дел од вработените ќе почнат да се враќаат во канцеларија, но, очекуваното не се оствари. Голем дел бизнис лидери се обидоа да донесат одлуки „на слепо“, притоа не обрнувајќи внимание на фактот дека вработените се навикнаа на поголема флексибилност во однос на тоа како и каде работат.


Без оглед дали станува збор за работа од дома или од далечина, хибридна работа или дали вработените работат во канцеларијата 5 дена во неделата, компаниите почнуваат да ги сублимираат искуствата од речиси 3 години наназад, за да дефинираат нови стратегии на работењето. Целта на ова е да го насочат својот бизнис во вистинската насока.


Иако има многу компании кои бараат од своите вработени да се вратат назад во канцеларијата (како банки и правни компании), има и многу мали и големи, локални и глобални, компании кои експериментираат со флексибилен работен простор за да го задржат хибридниот работен модел.


Овој моментум на враќање во канцеларијата не се должи на случајност, туку се должи на еволвирањето на концептот за работното место. Со тек на времето, основната функција на канцеларијата се менуваше и прерасна во место каде поединци и тимови можат да добијат најмногу од нивното работно место – зависно од нивните потреби, стилот на работењето или од задачата што треба да ја завршат тој ден.


Од една страна, голем дел од бизнисмените ја сметаат канцеларијата клучна за културата на компаниите и бизнис успехот, а од друга страна, сѐ поголем број на вработени се враќаат во канцеларија само за да соработуваат со колегите и да се социјализираат. Има и менаџери кои ја користат канцеларијата за лично да ги менторираат помладите членови на тимот - од кои многумина никогаш не искусиле канцелариска култура.


Истовремено, дел од вработените бараат тивки места во канцеларија за да ги извршат задачите за кои треба да бидат фокусирани, а кои не би можеле да ги завршат работејќи од дома.


Со овиe нови трендови во работењето, структурата и дизајнот на канцеларијата стануваат клучни. Во 2023 година, флексибилните распореди на седење, конференциските сали, посебните места за соработка и местата за фокусирано работење во тишина мора да станат норми. Исто така, во пораст е и трендот на организации кои сакаат да создадат работно место на кое ќе вреди да се дојде и престојува, а тоа го прават преку вложување во простори како што се – чајни кујни, теретани, кафетерии и места за одржување настани.


Новиот модерен идентитет на работното место има влијание врз трендот на патување на работа.


Уште еден тренд што е во пораст е и бројот на вработени кои почнуваат да доаѓаат во канцеларијата во сред седмица – во средите или четвртоците – практикувајќи различни хибридни модели на работа. Благодарение на сѐ поголемата флексибилност, вработените ги координираат „деновите во канцеларија“ со своите колеги, а помладите вработени бараат можности како за учење на лице место - така и за социјализација со врсниците.


Компаниите кои ќе забележат најголем пораст на бројот на вработени што се вратиле да работат во канцеларија во 2023 година се:


● Оние кои се отворени за експериментирање со работни модели и

изгледот на канцеларијата

● Оние кои ги земаат во предвид очекувањата на вработените во однос на

флексибилноста и изборот, и

● Оние кои се подготвени да ја избришат линијата помеѓу гостопримство

и работен простор преку внимателен дизајн.


Така, во 2023 година фокусот ќе биде насочен кон создавање можности за лично искуство што вработените нема да сакаат да го пропуштат преку воведување на флексибилни распореди, удобности и канцелариски поволности кои создаваат работно место на кое вреди да се доаѓа.


Извор - WeWork




тагови


0 views
bottom of page