top of page
Search

Три Параметри кои ја Прават Вашата Канцеларија Клучна Бизнис Алатка

Кога размислувате за ресурсите на вашата компанија, што ви прво доаѓа на ум? Дали е тоа вашиот инвентар? Вашите пари? Дали ви доаѓа на ум вашата канцеларија, местото каде вашите вработени поминуваат поголем дел од своето време?


Вашата канцеларија е еден од најважните ресурси на вашата компанија, а нејзиното соодветно користење може да ги направи вашата компанија и бизнис поуспешни. Вистинската канцеларија не само што привлекува клиенти и вработени, туку и ги одразува вредностите на вашата компанија.



Како да ја Изберете Идеалната Локација?


Размислете каде се наоѓа вашата канцеларија. Дали е лесно достапна? Што се наоѓа во близина? Локацијата е од суштинско значење не само за вашите клиенти, туку и за вашите вработени. Според статијата во MartinVest, компанија за лизинг на канцелариски простор, локацијата за вашиот деловен простор може позитивно да делува на мотивираноста на вашиот тим.



Кога избирате локација која е погодна за вашите вработени, гледајте да е во близина на продавници, ресторани и училишта, и севкупно одговара на животниот стил на вашиот тим. Ова ќе им помагне на вашите вработени да се чувствуваат згрижени и почитувани, што ги мотивира да работат трудољубиво.



Надворешноста на Зградата/Екстериер


Надворешноста на вашата канцеларија е една од првите работи кои клиентите ги гледаат кога влегуваат во вашата канцеларија. Кога клиентот ќе дојде во вашата канцеларија, надворешниот дел од зградата е првото нешто што ќе му/ѝ истави некаков впечаток.

  • Дали фасадата на зградата е валкана и трошна?

  • Дали има графити на неа?

  • Или можеби вашата надворешност е чиста, модерна и средена?

  • Дали има видлив знак за вашата канцеларија?



Една статија на BradFabs дава две важни причини зошто надворершноста на вашиот комерцијален простор е важна. Првата причина е затоа што треба да остави вистински и добар прв впечаток, бидејќи сакате да го прикаже вашиот бизнис во вистинско светло. Во статијата даваат едноставен предлог, на пример да поставите стреа над влезната врата од зградата за кога врне и некој чека на вратата да не се изводени! Можеби изгледа како нешто мало и незначајно, но ќе остави добар прв впечаток.


Втората причина поради која сметаат дека треба да внимавате на добрата надворешност е затоа што тоа го прави вашиот бизнис поефикасен, особено кога станува збор за знаците/рекламите кои ги упатуваат клиентите кон вашата канцеларија.


Кога имате нови луѓе кои доаѓаат во вашата деловна зграда, особено потенцијални клиенти или инвеститори, тие треба да знаат каде одат. Воопшто нема да им изгледа привлечно ако не се сигурни дали се во вистинската зграда или ако не знаат како да го најдат вашиот деловен простор.


Канцелариски Дизајн/Ентериер


Како што се гледа во нашата објава Трендови на канцелариски простор во 2022 година, дизајнот на внатрешноста на вашата канцеларија е многу важен. Начинот на кој е поставен ентериерот, и дали вклучува растенија или не, е важен. Канцелариите кои се добро дизајнирани помагаат вработените да се чувствуваат среќно и удобно, и да можат да се фокусираат на нивната работа.



Тоа ќе ја зголеми продуктивноста и квалитетот на работата и ќе ја подобри вашата компанија одвнатре. Отвореноста да се послушаат вработените во однос на тоа што им треба во нивниот канцелариски простор е од витално значење кога станува збор за дизајнирање на канцелариски простор кој одговара на нивните потреби.


Со кои предизвици се соочувате во наоѓањето на вистинскиот ентериерски тренд за вашиот канцелариски простор? Пронаоѓањето на вистинскиот канцелариски простор и дизајн за вашата канцеларија може да потрае некое време. Но ќе заврши со посреќни вработени и квалитетни производи и услуги кои се резултат на добро средена и удобна канцеларија.



Примерот на Gооgle


Google е веројатно еден од најуспешните бизниси во светот. Нето добивката на Google во 2021 година изнесуваше 76 милијарди американски долари. Не само што Google е познат како еден од најдобрите интернет пребарувачи, туку тие се познати и по своите канцеларии. Во 2017 година, Google беше избрана за наградата „Најдобра култура во компанија“ од Comparably, а во написот објавен од Форбс, тие ги наведоа многуте причини зошто компанијата беше изгласана така.


Повеќето од причините се поврзани со нивната канцеларија и начинот на кој таа изгледа и функционира, и како тоа влијае на нивните вработени. Начинот на кој Google ги поставува своите канцеларии ги охрабрува вработените да комуницираат едни со други, ја поттикнува креативноста и им дава бенефити на вработените, како на пример, фитнес сали во кампусот.



Надворешноста на кампусите на Google е најсовремена, има јасни влезови и знаци и им овозможува на вработените на Google да работат надвор. Ако канцелариите на Google не беа такви какви што се, компанијата немаше да биде толку успешна како што е. Без таквите канцеларии, вработените не би уживале да доаѓаат на работа и не би биле толку креативни како што се сега, инвеститорите не би сакале да инвестираат, а луѓето не би сакале да работат за нив.



Како до Подобра Канцеларија?


Можеби не можете да ја смените локацијата на вашата канцеларија во моментот, но секако има работи врз кои може да влијаете веднаш. На пример, ако во вашата канцеларија недостасуваат цвеќиња лесно може да го разубавите просторот со неколку нови растенија. Едноставна промена што ќе даде одлични резултати! Ако вашата влезна врата нема натстрешница, поставете ја. Задолжително поставете и патокази за лесно да ве најдат клиентите. Овие промени не се скапи, а сигурно ќе имаат позитивно влијание врз вработените и клиентите.


Уште една лесна промена што може да ја подобри комуникацијата помеѓу вработените е разместување на мебел. Соработката и отворената комуникација можат да ги стимулираат вработените и да доведат до нови и свежи идеи. Ако сметате дека уредувањето на мебелот во вашата канцеларија прави просторот да се чувствува тесен и затворен, можеби е време да го преуредите.


тагови



1 view
bottom of page