Бесплатно видео од вебинар со д-р Митов "Вовед во здрав живот"




Регистрирајте се на формуларот долу, и во следните неколку дена, ќе ве информираме како да се приклучите на овој уникатен настан
Може ли човек да се промени?
Дали промената може да биде: свесна, планирана и со јасна цел, за да може да се нарече – преобразба?
Дали е можно старите непродуктивни навики да бидат заменети со нови, корисни навики?
Да, таквата промена е можна, но никако не е случајна и не се случува сама од себе.
Таквата промена бара човек да влезе во еден свесен, релативно долг и напореден процес. Процес кој некои го нарекуваат личен развој. Тој процес е суштината на постојаниот раст во животот, и го одговара следното прашање: како да стасам од точката А, точката каде се наоѓам сега, до точката Б, местото каде сакам да бидам?
Започнува нов серијал работилници со д-р Митов и ЛинкАкрос. Преку низа теми од областа на личен и професионален развој ќе ви понудиме систематичен пристап и поддршка во процесот на идентификување на желби и потреби, одредување приоритети, поставување цели, развивање стратегии, преиспитување вредности и унапредување на знаења и вештини.
Работилниците ќе се одржуваат во ЛинкАкрос Центар за развој со физичко присуство и можност за интеракција со д-р Митов за време на паузата. Постои опција и за за онлајн учество.