top of page
Search

Како значително да ги намалите трошоците за канцелариски простор


Замислете свет во кој трошоците за канцелариски простор повеќе не се товар за бизнисите; свет во кој компаниите можат да ги вложуваат ресурсите кон иновации и раст, а не изнајмување и одржување. Со порастот на бизниси кои практикуваат работење на далечина и хибридната работа, сѐ повеќе компании ја реализираат оваа визија. За нив намалувањето на цената на канцеларискиот простор станува реалност.

За многу компании, coworking просторот е новата конференциска сала. Работењето од домашна канцеларија значи дека недвижниот имот на компанијата сега е делумно во сопственост на нејзините вработени. Концептот на официјалната канцеларија исчезнува пред нашите очи бидејќи сѐ повеќе компании размислуваат каде и како работат.

Компаниите кои планираат да го задржат својот ист канцелариски простор во следните три години паднаа на само 9%, во споредба со 27% во 2021 година. Една движечка сила позади ова е можноста за заштеда и намалување на залудно потрошениот простор што останува заради хибридната работа.

И вие можете да заштедите! Ајде да погледнеме неколку практични стратегии кои можете да ги искористите за да ги намалите трошоците за канцелариски простор без да ја жртвувате удобноста или перформансите.


Соберете податоци и создадете стратегија за работно место


Пред да направите промени, добро е да развиете стратегија на работното место и да соберете податоци кои ќе го информираат процесот за тоа како би ги намалиле канцелариските трошоци. Не сите компании прифатија 100% работа на далечина; но исто така, не сите компании сакаат 100% работа во канцеларија. Наместо тоа, прилагодувањето на политиката заснована на вашите вработени, локации и процеси може да ви помогне да постигнете оптимален исход. Примери на потенцијални хибридни стратегии вклучуваат:


Работете од каде било: Вработените одлучуваат каде сакаат да работат, без разлика дали тоа е во нивниот дом, канцеларија, coworking простор или некое друго место.


Работа блиску до дома: Вработените можат да изберат сателитски канцеларии врз основа на нивната локација во секое време.


Централна локација и хаб: Матичната канцеларија се комбинира со повеќе флексибилни простори на различни локации, овозможувајќи им на вработените да изберат каде најдобро ќе работат.


За да го изберете вистинскиот пристап, земете ги в предвид перцепциите на вашите вработени за канцеларијата, како и тоа кои се вашите тековни услови за закуп.


5 стратегии за намалување на трошоците за канцелариски простор


Имајќи го на ум вашиот идеален пристап за работа, размислете како можете да ги примените овие стратегии за да ги намалите трошоците за канцелариски простор.


1. Размислете за помала канцеларија

Очигледниот прв избор е да се преселите во помал простор. Помалата квадратура обично значи помала месечна кирија, што може да ви овозможи непосредна заштеда на трошоците. Можете да ги максимизирате овие заштеди уште повеќе ако се префрлате од урбана област во зона или предградие за економски развој.


Може да ја истражите и опцијата да се преселите во флексибилна канцеларија или простор за работа. Ова се канцеларии со клуч на рака со краткотраен закуп и фиксни цени за да можете соодветно да буџетирате и да заштедите пари.


Најдобро намалување би било да останете без канцеларија. Ако 100% далечински модел функционира за вашиот бизнис, целосното ослободување од канцеларијата може да заштеди стотици или пак илјадници евра месечно. Сепак, не ја потценувајте вредноста тимските средби или средбите со клиентите лично.

2. Искористете ги предностите на флексибилниот работен простор


Флексибилниот канцелариски простор ви овозможува да ги искористите канцелариите само во ситуации кога тоа е неопходно и навистина потребно. Оваа опција им дава на вашите вработени поголема флексибилност во однос на нивниот работен простор, и е концепт наречен „hot desking“. Наместо да бидете врзани со фиксни договори за закуп и тековни режиски трошоци, можете да обезбедите работен простор кога ви треба и да избегнете да плаќате простор кога истиот не ви е потребен.


Користењето на флексибилен канцелариски простор ви дава пристап до технологија и секаков вид на канцелариски погодности кои ви се потребни. На овој начин трошоците се исклучиво поврзани со вашите потреби во моментот и одат во пакет кој го одбирате.

3. Применете го скалестиот распоред за работа

Можноста на вработениот да ги одбере своите работни часови (слотови) може да ја намали побарувачката за канцелариска квадратура. Ако наместо сите да имаат ист распоред, вработените работат различни денови и часови, тоа значи дека нема сите да бидат во канцеларија истовремено, а со тоа се губи потребата да канцелариски простор во кој ќе бидат сместени сите вработени. Можеби ќе можете да се преселите во помал простор, да имате помалку клупи и столици и да се префрлите во отворена канцеларија наместо во лични канцеларии или кабини.


4. Користете аутсорсинг за одредени функции


Аутсорсингот на некои функции или цели оддели може да ослободи физички простор, што го олеснува намалувањето или спроведувањето хибридни политики. Популарни кандидати за аутсорсинг вклучуваат:


  • Поддршка за корисници

  • Административни задачи

  • Платен список

  • Книговодствени услуги

  • IT услуги


Аутсорсингот на одредени функции не само што ќе резултира со одредени заштеди од аспект на платен список, туку може и да ги намали потребите за канцелариски простор и да ослободи ресурси за иновации и раст на бизнисот.


5. Повторно преговарајте околу договорот за закуп


Ако во моментот не е изводливо да ја преселите вашата канцеларија, размислете за опција повторно да преговарате за вашиот постоечки комерцијален закуп со сопственикот. Со оглед на тоа што сѐ повеќе компании се отворени за идејата за хибридна работа или работа од далечина, се проценува дека до 2023 година побарувачката за комерцијален канцелариски простор би можела да падне до 13%. Сопствениците можеби сакаат да ги задржат своите закупци што е можно подолго, дури и ако тоа значи мало намалување на месечната кирија.


Можете исто така да преговарате за постоечки договори и обновувања за канцелариски трошоци (набавки, чистење и интернет услуги). Ослободувањето капитал во овие области ви помага да ги намалите вкупните трошоци за вашиот канцелариски простор. Секој денар е важен.


ЛинкАкрос Центар за Развој: Генијален начин да ги намалите вкупните трошоци за канцеларијски простор


Заштеда на пари на канцелариски простор и режиски трошоци е секогаш паметна идеја. Тоа ослободува ресурси кои можат да се пренасочат за обука и развој, задоволство на вработените и подобрување на здравјето и иднината на бизнисот. Овие инвестиции можат да го направат вашиот бизнис поотпорен во тешки времиња и поагилен кога ќе се појават нови можности.


Затоа, ЛинкАкрос Центар за Развој ја создаде својата смарт сала, како флексибилен канцелариски простор кој македонските компании можат да го користат во своето секојдневно работење - било тоа да е како еднодневен експеримент или како континуирано периодично случување. Таа е тука да послужи и како инспирација за идната реконструкција на вашите компаниските канцеларии.


Овој флексибилен канцелариски простор недвосмислено има потенцијал позитивно да влијае врз вашиот бизнис.


За сите подетални информации, слободно контактирајте не.




Превземено од LiquidSpace




тагови


4 views
bottom of page