top of page
Search

Улогата на флексибилниот канцелариски простор во 2023 година и понатаму



Со забрзаното движење во глобалната економија се забрзуваат и промените кај работната сила. Кога зборуваме за современа работна сила, тука пред сѐ мислиме на претприемачи, хонорарци и хибридни бизниси. За да ги задоволат своите барања, овие водечки групи на модерниот персонал треба да воведат промена и во својот работен простор. Ова подразбира дека треба да се осмисли нов концепт за канцеларија. Новиот концепт на канцеларија вклучува создавање на канцеларија која ќе биде доволно динамична и флексибилна за да се прилагоди на секој нов потфат. Како одговор на овие барања дизајнирана е флексибилната канцеларија.

 

Што подразбира флексибилната канцеларија?


Станува збор за заеднички канцелариски простор кој е динамичен и кој се менува според динамичните потреби на самите вработени. Вклучува сè, од традиционалната канцелариска инфраструктура и алатки како што се работни станици, маси, столици, компјутери и телефони, но е распоредена на начин кој овозможува прилагодување на различни потреби. На пример, одредена област во флексибилниот простор може да послужи како групен работен простор, простор за состаноци или област за креирање на проектот според барањата на вработените. 


Професионално кажано, флексибилниот канцелариски простор често се нарекува простор за работа, каде што повеќе бизниси изнајмуваат клупи, канцеларии и сали за состаноци во заеднички објект. Овој простор е дизајниран да биде прилагодлив и да ги задоволи потребите на коегзистирачките бизниси и вработени. Во последните 5 години, флексибилните работни простори станаа многу популарни меѓу хонорарците и компаниите.

 

Како се разликуваат флексибилните канцеларии една од друга?


Со широк спектар на достапни опции на флексибилен канцелариски простор, можете да го изберете соодветниот простор врз основа на вашите барања.


Hot desk – најбараниот избор што им овозможува на различни поединци да користат исто биро во различно време, како и кога им е потребно. Сè што треба да се направи е да се избере достапно биро и веднаш може да започнете со работа. Овој вид на флексибилност ги промовира иновациите и соработката на вработените низ бизнисите. Најдобриот дел е што тие се опремени со сите потребни погодности за непосредна работа, вклучувајќи компјутери, телефони, приклучоци за струја и WiFi. Покрај тоа, хот деск опцијата овозможува и пристап до дополнителни капацитети во просторот. На располагање може да ви биде и сала за состаноци, простор за настани, простор за презентација на клиенти и студио за снимање. Реномираниот coworking простор ќе нуди и IT услуги, печатење, испраќање факс, хигиенски услуги, кујнски капацитети и многу повеќе.


Изнајмување на посебни бироа - Ова е одлична алтернатива за hot desks. Тие ги имаат истите карактеристики и придобивки како и hot desks, но единствениот недостаток е тоа што имате фиксно место што не може да се менува одвреме-навреме. 


Нудејќи канцелариски простор без ограничувања и долгорочни закупи, овие две опции за флексибилно работење нудат одлично решение. Без разлика дали сте хонорарен преведувач, претприемач или самовработен, уживањето во погодностите на hot desk или посветено биро во флексибилниот простор за работа е извонредна замена за борба против осаменоста на работењето од дома.


Покрај заедничкиот работен простор, некои објекти за coworking нудат удобности на приватни или заеднички канцелариски простори, кои се особено корисни за малите компактни тимови. Ова ви овозможува да уживате во предностите на заедничкото опкружување додека имате посветен простор прилагоден на специфичните барања на вашиот тим.


Понатаму, иновативните индустриски лидери воведоа опции за виртуелна канцеларија. Со плановите за виртуелна канцеларија, можете да ја користите адресата на coworking објектот како ваша деловна адреса за маркетинг материјали, бизнис картички и веб-страници. Објектот ќе се справи со пренасочување на поштата до вашата домашна адреса, па дури и ќе ги поздравува клиентите во ваше име. Овие се особено добро прилагодени за стартапи кои бараат флексибилност.

 

Заклучок


Модерните coworking простори се дизајнирани да им ја понудат на бизнисите флексибилноста што им е потребна. Запознавањето со различните видови достапни флексибилни канцелариски простори ќе ви овозможи да донесете информирана одлука за тоа која опција најдобро одговара на вашите потреби. Флексибилниот канцелариски простор е иднината на работата. Без разлика дали сте основач на старт-ап или хонорарец, флексибилниот канцелариски простор сигурно ќе ги задоволи потребните на вашиот биснис.


Еден таков простор е токму и нашиот Центар за Развој во Скопје. Имено, ЛинкАкрос Центар за Развој кој се наоѓа во Тафталиџе нуди мирен, професионален и модерно опремен флексибилен канцелариски простор.


Нашиот простор е идеална флексибилна канцеларија за секој тим кој сака да се фокусира на раст и развој наместо да се грижи за редовно одржување на еден деловен простор. 


И вие имате можност да ја делегирате оваа улога на некој кој ќе се погрижи за вашата работа да тече беспрекорно. Тестирајте ја ЛинкАкрос флексибилна канцеларија и контактирајте не за повеќе детали.

 



Превземено од BuzzWorks



тагови



1 view
bottom of page