top of page
Search

Колку сѐ може да биде разновиден флексибилниот канцелариски простор?

За флексибилниот канцелариски простор се пишува се повеќе и повеќе. Но никаде нема да најдете едноставен водич до идеалниот за Вас и Вашата компанија.



Три статистички податоци од САД сеопфатно ја отсликуваат пост-пандемиската реалност:


72% од работниците претпочитаат комбинација од работа во канцеларија и работа од дома, односно хибриден работен модел;

● Канцеларискиот простор е скап, а 4 милијарди квадратни метри од него останаа празни за време на пандемијата, вршејќи притисок врз компаниските финансиски биланси;

40% од возрасните американци имаат проблеми со менталното здравје од што незанемарлив дел е данок на отсуството од физичка меѓучовечка интеракција за време на пандемијата.


Иако се на прв поглед контрадикторни, тие јасно ни ја покажуваат големата пост-пандемиска вистина:


Традиционалниот концепт на работа, на канцеларија, на работно време е надминат. Флексибилноста е таа што го гради новото време и што ќе ги ревоспостави новите стандарди.


Со сигурност знаеме дека нема да има една нова светска работна реалност. Една канцеларија за сите. Ниту пак со едно „волшебно стапче“ ќе се креира идеалниот флексибилен канцелариски простор за секого посебно.


Се раѓа нов свет на многу различни хибридни сценарија во зависност од локацијата, желбите, дејноста, компаниската култура и можноста и храброста да се менуваат востановените практики.


Канцеларијата на новото време, новиот флексибилен канцелариски простор не е пасивна кутија во која се работи ниту пак, огледало на компаниската хиреархија на моќ. Таа е активен чинител сам по себе:


● со моќ да зголеми продуктивност,

● со сила да генерира профит,

● со капацитет да ги забрза промените и да обезбеди функционалност на

комплетно нови работни односи.


Секоја компанија индивидуално трага по идеалниот флексибилен канцелариски простор. Во која насока и да тргне, тука се плејада на дизајнери и бизнис лидери со способност да размислуваат надвор од востановените стандарди. Но за да се стигне до вистинскиот флексибилен канцелариски простор потребно е претходоно да се осознае и дефинира најсоодветниот работен модел.


5 модели на организација на работата во пост-пандемиските услови


Ако се обидеме да ги сублимираме сите модели на организација на работата во пост-пандемиската канцеларија, ќе ја добиеме следната листа:


Како-што-беше - Вработените се враќаат во безмалку истата централизирана канцеларија на истата дневна рутина од-9-до-5. Само е можеби малку похигиенска и пофлексибилна.

Ова е враќање кон традиционалниот работен модел и канцелариски простор.

Клуб - За хибриден модел на работа во кој работниците ја посетуваат канцеларијата кога сакаат или по некој договорен распоред. Флексибилниот канцелариски простор функционира како клуб - место каде луѓето одат да се видат, да поразговараат, да се дружат и да работат.

Работа според активноста - Вработените работат од канцеларија, но немаат сопствено биро. Работниот ден го минуваат во движење низ различни простори во зависност од активноста која ја извршуваат.

Ако овој само делумно флексибилен канцелариски простор пред пандемијата имаше 8 работни бироа на 10 вработени, сега тој број е намален на околу 5. Се прејудицира дека поголем дел од вработените ќе бидат оперативно надвор од канцеларијата или едноставно ќе работат од дома во одредени денови.

Во основа е предвиден за хибридниот работен модел иако може да се примени и со вработени кои поради природата на работните задачи се мобилни во текот на денот, а работат во стандардно работно време, без можност за работа од дома.

Децентрализација - Наместо една централна канцеларија, работата се организира во неколку помали поблизу до местата кадешто живеат вработените и надвор од големите деловни центри. Вработените заштедуваат време и средства за патување, а не се лишуваат од директна комуникација лице-в-лице.

Соодветствува на хибридниот работен модел додека канцеларискиот модел може да биде и традиционално организиран (иако според приридата на самиот модел, компанијата тежнее да го организира како флексибилен канцелариски простор).

Работа On-line - Сите вработени работат целосно работно време од дома или од каде и да сакаат. Сите работни процеси се изведуваат виртуелно, со употреба дигитални алатки и колаборативни апликации. Компаниите заштедуваат трошоци на канцеларски простор кој веќе е непотребен. Исклучок е можен само во некои крајно специфични ситуации кога е неопходно тимот (целосно или некој негов оперативен дел) да се собере во некој простор (најчесто сала за презентација или флексибилен канцелариски простор изнајмен на ден или слично).


Ниеден од овие модели не е „нешто невидено“ пред пандемијата. Во одреден помал обем, сѐ се тоа, барем првично и ограничено, тестирани сценарија.


Она новото што го предизвика пандемијата е масовноста и дополнително, мноштвото од специфични случаи кои овозможија „поширок поглед“.


Токму тоа на аналитичарите им даде моќ за една длабока анализа до суштината на работните односи во триаголникот работникот-компанијата-работните услови. Секоја компанија, од својот специфичен агол на гледање, има моќ да го искористи моментот за позитивна (дури и во основа радикална) трансформација.


Како што истакна Маниш Кашјап (Manish Kashyap), раководителот на Ај анд Ти Сервисес, АПАК и глобален раководител на Ај анд Ти Агил (Head of A&T Services, APAC & Global Head of A&T Agile):

„Сега кога бизнисот, работната сила, работното место и стратегиите сè повеќе стануваат меѓусебно поврзани, е вистинскиот момент за клиентите да прифатат смел нов пристап кон нивните корпоративни потреби за недвижности.

Ресетирањето на стратегијата за недвижнини што ќе го поддржи идниот раст на бизнисот ќе игра суштинска улога и ќе им помоигне на компаниите да се прилагодат и да напредуваат во годините по пандемијата“.


Едно нешто што не научи пандемијата е дека промената на работните канцеларии носи промена во работните резултати. Нема однапред познати победници и секој модел има свои предности. Сосем е можно во иднина компаниите да не се врзуваат стриктно за еден модел на работа туку да бидат во постојана потрага по идеалното решение. Посебно големите компании имаат комоција на различни групи на вработени да им понудат различни канцелариски простори.


Како сѐ би можела да изгледа канцеларијата по пандемијата?


Многу од компаниите сериозно ги реобмислија и темелно го реформираа својот работен модел. Притоа дизајнот, функционалностите и инвентивноста на решенијата оди многу подалеку од досега познатите флексибилни канцелариски простори.


Во следната листа опфатени се 5 флексибилни канцелариски простори кои навистина отскокнуваат со својата оригиналност:


1. Кафетерија

Твилио (Twilio) е компанија за комуникациски алатки со седиште во Сан Франциско.

Нивниот проект е канцеларија со изглед и функција на кафетерија. Таму вработените имаат бесплатно кафе, пријатен амбиент и место за работа без да имаат потреба воопшто да зачекорат во нешто налик на традиционалната канцеларија. Опремата на просторот би била сосем опуштена. И од вработените би се очекувало истото - да бидат комплетно опуштени и да доаѓаат и да си одат кога ќе посакаат и да останат колку сметаат дека е потребно. Единствено ограничување би била забраната за влез на невработени.

Идејата е оваквиот флексибилен канцелариски простор во облик на кафетерија, да биде поставен во области каде што локално живеат дел од вработените како надополнување на централните канцелариски простории.


2. Поврзани со природата.

Сејлсфорсис Траилблејзер (Salesforce's Trailblazer) поседува ранч од 75 хектари во долината Редвудс во Скотс, Калифорнија.

Флексибилниот канцелариски простор е замислен како место каде вработените би се повлекле и опуштиле. Целта е да самиот простор биде комлементарен со централната канцеларија и да им го приушти на вработените сето она што таа не може - целосно поврзување со природата - преку активности од прошетки во природата, работа во градината и групни часови по кулинарство, до јога и медитација.

Идејата е да во процесот на реевалуација на канцеларискиот простор, изнајдат ефикасен начин да им помогнат на работниците на креативен и безбеден начин да се поврзат со остатокот на тимот.


3. И домување и работа во кампусот.

Гугл (Google) поседува кампус од 335.000 квадратни метри со поглед на заливот лоциран во Маунтин Вју, Калифорнија. Инфраструктурно го надминува концептот на флексибилен канцелариски простор.

Целиот имот опфаќа 168.000 м2 од кои преку половината се отворен простор.


Дополнително, тука се лоцирани и 2 деловни згради, мултифункционален центар за 1000 учесници и 240 стамбени единици за краткотраен престој на работниците на компанијата. Фокусните канцелариски простори се одделени од отворените на посебен кат. Сите работни бироа се осветлени со природна светлина и имаат отворен поглед на зеленилото кое е насекаде наоколу. Завесите се отвараат и затвараат автоматизирано, а системот за вентилација користи 100% природен воздух од опкружувањето.


Според Дејвид Редклиф, потпредседателот на Гугл за недвижнини и канцелариски сервиси, „Целокупната работна атмосфера ни овозможува од основа да ја преиспитаме идејата за канцеларија.“


4. Како во дневна соба.

Пејџер Дјути (PagerDuty) е платформа за менаџмент на дигитални операции.

Во потрага по идеалниот флексибилен канцелариски простор, ги реновираа своите канцеларии, за да можат во нив, истовремено, да организираат настани, поттикнат соработка, тимски состаноци и посети на клиенти. Со тоа ја заменија традиционалната работа секој-над-своето-биро од 09 до 17 часот со хибриден работен модел, при кој работниците самите одбираат начин на работа според своја желба и потреба. Две третини од бироата се отстранети и целиот простор е поделен на „маала“. Секое маало наликува на тематска дневна соба или, уште поточно, на кафетерија. Има отворен простор за седење, неколку бироа и место за чај кое вработените може да го резервираат. Дел од канцеларијата е и конференциска сала лоцирана на средината на отворениот простор и со проток на свеж воздух низ неа.

Џенифер Сехада, ЦЕО на компанијата тоа го објаснува како: „Си рековме дека во основа... сакаме да направиме комплетно поинаква атмосфера. Да биде... повеќе налик на привилегиран клуб, а помалку на канцеларија.“


5. Неспоредливата канцеларија.

Ајбием (IBM) создаде уникатна канцеларија во Торонто која во себе обединува 3 приказни.

Замислено е канцеларијата да може едноставно и брзо да се реконфигурира во зависност од желбата и потребата „како тој ден би се користела.“ Употребени се ѕидови што може лесно да се поместуваат, приспособливи работни простори и лесен и флексибилен мебел. Поседува и соблекувални, специјален простор за доење, за медитација и за молитва. Инсталирана е опрема со сензори за да компанијата има увид во искористеноста и, по потреба, да може да ја превенира преоптовареноста на одреден простор.

Целта е да се креира тотално флексибилен канцелариски простор, дизајниран и за комфор и за работа и целосно приспособен на новиот хибриден начин на работа.


Се разбира дека овие пет не се решенија кои се очекува да бидат тренд и кои ќе ги среќаваме низ сите меридијани. Но во нив е вложено многу труд и аналитичност. И, иако, ниту самите компании не знаат дали се тоа идеалните флексибилни канцелариски простори - на сите ни е јасно дека се сигурно на чекор поблизу до него.


Тие прилично јасно ја прикажуваат широчината на просторот од можности пред кој сите ние се наоѓаме. Таа широчина не ја прави лесна нашата потрага по идеален флексибилен канцелариски простор. Но во секој случај - ја прави интересна и предизвикувачка.


Како да го препознаеме вистинскиот флексибилен канцелариски простор?


Сигурно не на прв поглед.


Но со длабинска анализа, инвентивност и храброст да се направи првиот чекор - вистинските решенија неможат да изостанат.


А тој фамозен прв чекор немора да биде во форма на огромна студија, долгорочна стратегија или прескап проект за реновирање.


Пазарот со недвижнини во светот одамна нуди разни флексибилни канцелариски простори кои може да се изнајмат на крајно флексибилен период. Година, месец, недела ден па дури и на неколку часа - сето тоа зависи од Вашата желба и потреба. Можноста практично да се тестира одреден концепт во слободно избран тајминг е непроценлива.


Токму затоа и ние ја креиравме нашата смарт сала, како флексибилен канцелариски простор наменет за сите македонски компании. Развојниот концепт е нашата движечка сила во работењето. Отвореноста и достапноста на новите идеи и трендови е неопходна за успешниот развој. И токму затоа сме среќни што можеме да ја споделиме со македонската бизнис заедница.


Слободно контактирајте не за сите дополнителни информации.




тагови


1 view0 comments
bottom of page