top of page
Search

Хибриден Модел на Работа


Глобалната пандемија внесе големи промени во начинот на кој работиме. Менаџерите на компании во кои работењето од дома никогаш не била опција, беа принудени своите вработени да ги испратат да работат од дома. Флексибилноста и продуктивноста на компаниите беа ставени на тест. Кај многу компании се појави желба да воспостават баланс меѓу работа од дома и работа од канцеларија. Така, голем дел компании почнаа да го применуваат хибридниот модел на работа.


Хибриден модел на работа, Работа од Дома или Работа од Канцеларија, центар за развој скопје, изнајмување на простор, изнајумвање на канцеларија, настани

Што е хибриден модел на работа?


Хибриден модел подразбира комбинација помеѓу работење во канцеларија и работење од далечина - од дома или од некое друго место надвор од компанијата. Вработениот може да одлучи каде е најпродуктивен – во канцеларија, во својот дом, или во некој друг coworking простор. Или пак да избере комбинација од двете – во зависност од тоа што му се преференците.


Во пост-ковид услови хибиридениот модел изгледа како добра опција и за двете страни, за компанијата и за вработените. Но, дали е овој модел вистинското решение за иднината?


Компаниите се фокусираат на тоа што е најдобро за нивниот бизнис и кој е идеалниот метод за имплементација на хибриден работен модел. Го прифаќаат концептот на слобода, но многумина не се сигурни дали да ги овластат вработените да изберат кога, како и каде ќе работат, пишува Yogita Tulsiani, ко-основачот на iXceed Solutions.


Еве неколку придобивки и предизвици што треба да ги земеме во предвид.


Флексибилно Работно Време


Две главни придобивки за вработените кај ваков тип аранжмани се флексиблноста и благосостојба на работното место. Бидејќи во екот на пандемијата најмногу на удар беа физичкото и менталното здравје се повеќе компании сакаат да одговорат на потребите на вработените и вложат во зголемување на благосостојба на работното место.


Според истажувањето на WeWork и Workplace Intelligence, 75% вработените би се откажале од барем една бенефиција или поволност, вклучително и здравствена заштита, бонуси или платени слободни денови, за да ја имаат слободата да изберат каде ќе работат.


Бенефитот што вработените во хибриден модел го добиваат е сами да си ги организираат работните саати кога работат од дома. Ова е од посебна вредност за вработени родители кои можат да си го креираат својот работен ден околу семејните потреби и активности.


Зголемено Задоволство од Работата


Не е тајна дека задоволните вработени се и попродуктивни. Голем број од поновите истражувања покажуваат повисока стапка на продуктивност за тие што работат од дома или што работат комбинирано односно хибридно.


Флексибилноста да изберат каде и кога ќе работат придонесува за подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот. Оваа контрола над работните обврски му овозможува на човекот да се организира според потребите на семејството. Тоа значи дека ќе помине 3 часа во креирање на содржина за новиот блог, но откако ќе ги собере децата од тренинг.


Вредноста на Заеднички Канцелариски Простор


Главната премиса на хибридниот модел е можноста на вработениот да комбинира работење од дома и работење од друга локација.


Вработените анкетирани во истражувањето на WeWork и Workplace Intelligence наведоа бројни придобивки од работење во заедничка канцеларија, како на пример способност да се фокусираат и соработуваат. Испитаниците истакнаа повеќе начини на кои канцеларијата ги поддржува интеракциите со колегите и клиентите - клучен аспект од секојдневно работење што многу луѓе го пропуштија за време на пандемијата.


Работа во заедничка канцеларија или сала за состаноци со вашите колеги дури и еднаш неделно е корисно за разменување идеи, иновативност, социјална интеракција и градење на добар тим. Сите овие компоненти се клучни за напредок и развој на една компанија и нејзината култура.


Флексибилни Услови на Закуп


Доколку се одлучат за хибридни распореди, малите и средните компании можат да направат сериозни заштеди со зголемено користење/изнајмување на флексибилни заеднички простори.


Наместо да изнајми деловен простор и плаќа месечни трошоци за режии и одржување, компанијата може да договори привремено изнајмување на работни простории – за тимски и деловни состаноци, или работа на заеднички проект.


Според статија од Economic Times од јануари 2021 година, една компанија може да заштеди дури 30% на оперативните трошоци ако работи од некој coworking простор.

Или поконкретно, една фирма од 20 вработени во Скопје ќе троши на пример 1000 ЕУР месечно за кирија, плус околу 200 ЕУР за режиски и други трошоци. Во случај фирмата да изнајмува coworking простор еднаш неделно во ЛинкАкрос Центар за Развој, ќе троши околу 600 ЕУР месечно. Значи, наместо фирмата да троши 1200 ЕУР ќе троши 600 ЕУР. „Вишокот“ може да се вложи во дигитален маркетинг или фонд за team building.


Се поголем број на компании открија дека можат да ги избегнат режиските трошоци, трошоци за опремување на канцеларија, купување на апарати и поставување на технологија неопходна за водење на една канцеларија. Користење или претплата на еден coworking/флексибилен канцелариски простор ќе му овозможи на бизнисот да ги елиминира и трошоците поврзани со управување, одржување и чистење.


Заклучок


Голем број компании сакаат нивните вработени да се вратат назад во канцеларија, додека вработените би продолжиле барем дел од работните обврски да ги сработуваат од дома. Без оглед кој модел на работа го преферирате, работа од дома или работа од канцеларија, и компаниите и вработените треба заедно да го премостат тој јаз помеѓу двата модели. Затоа, хибридниот модел добива се поголемо внимание.


Дали една компанија може да си дозволи да му даде овластување на вработениот да бира каде ќе работи, зависи од индустрија, но и од тоа за каков вид работни задачи станува збор. За среќа, добар дел од компании можат да си дозволат луксуз да го понудат хибиридниот модел како опција.


Клучно за секоја компанија што нуди хибриден модел на работа е да воспостави систем за интерна „контрола“ и комуникација помеѓу менаџментот и вработените. Оваа задача не е лесна, посебно со оглед дека менаџерите треба да имаат одредена доза на доверба во вработените.


Истражувањата покажаа дека ако на вработениот му се даде флексибилност која му е потребна тој ќе и „врати“ на компанијата со зголемена продуктивност, ангажман и лојалност. Вработениот сака да ја оправдаа довербата што шефот му ја дал.


По пандемијата, желбата на луѓето за хибриден модел на работа ќе се зголеми уште повеќе. Работодавците кои не нудат хибридни опции ќе ја пропуштат можноста да ги подобрат клучните бизнис резултати.


Ова ќе подразбира и поголемо побарување на заеднички канцелариски простори каде што компанија ќе може да ги собира своите вработени еднаш или повеќе пати неделно на тимски состаноци и други активности.


ЛинкАкрос Центар за Развој е едно такво место во Скопје које нуди погодности токму за компании који имаат потреба од дополнителен професионален простор/сала за состаноци и настани.


тагови




1 view
bottom of page